Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов бран американски царини за Канада

/

Свет

Сподели преку :

Нов бран американски царини за широк спектар канадски стоки стапи на сила по прекинот во последен момент во трговските разговори.

Најавувајќи го прекинот на преговорите кратко пред рокот во петокот навечер, канадскиот премиер Марк Карни рече дека ќе воведе реципрочни царини за американски стоки „долар за долар“.

Тој ги нарече промените кои во последен момент ги предложи САД како „неправедни, неекономични и ја доведуваа во прашање веродостојноста на кој било договор“.

Американскиот претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе воведе данок од 50% на речиси 20 милијарди долари канадски увоз до 19 август. Потоа одлуката ја паузираше минатата недела, велејќи дека двете страни се блиску до потпишување трговски договор кој е „многу добар“ за двете земји.

  • „Мислам дека да, ќе видиме. Разговарав со премиерот, имам добри односи и да, мора да се грижиме за нашите земјоделци. Земјоделците ни се многу важни, а договорот со Канада напредува и треба да можеме да имаме договор со нив. Исто така, започнуваме нов договор со Мексико, многу подобар договор за САД. Јас склучувам само добри договори. Многу подобар договор за САД, и со Канада и со Мексико“ – Доналд Трамп, претседател на САД.

Преговарачите наводно разговарале за договор што би ги намалил американските тарифи за канадскиот челик и алуминиум од 50% на 25%, а за канадските автомобили од 25% на 15%. Тензиите меѓу двата главни трговски партнери тлеат откако Трамп се врати на функцијата во јануари минатата година и започна широка глобална програма на тарифи, со што ги прекина децениите слободна трговија меѓу Канада и САД.

Сега кога разговорите се прекинати, Канада ќе бидат погодени со нови американски царини од 50% воведени од Трамп користејќи закон од ерата на Големата депресија наречен Закон за царини од 1930 година.

Тие ќе се применуваат на низа стоки, вклучувајќи вино, млечни производи, цемент, облека и опрема за хокеј.