Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху го отфрли планот на Трамп за Газа

/

Свет

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го отфрла американски план за мир од 15 точки за Газа. Тој порача дека израелските сили нема да се повлечат од Појасот Газа додека Хамас целосно не се разоружа.

Нетанјаху истакна и дека, додека тој е премиер, нема да биде формирана палестинска држава ниту во Газа, ниту на Западниот Брег.

Израелскиот премиер рече дека со Вашингтон се разговара за предлогот, но дека дел од американските идеи се неприфатливи за Израел.

Од Хамас, пак, порачаа дека остануваат посветени на патоказот предложен од САД, но очекуваат Вашингтон да изврши притисок врз Израел да ги исполни преземените обврски.

Отфрлањето на планот дополнително ги зголемува тензиите меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп.