Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напад во основно училиште во Словачка – ученик уби наставничка и прободе уште две лица

/

Свет

Сподели преку :

(Фотографијата е илустрација)

Ученик од осмо одделение избодел две наставнички и еден ученик во основно училиште во словачкиот град Сташков. Една наставничка (61) починала од повредите, а двете повредени лица биле однесени во болница.

По добивањето на пријавата за нападот, полицијата и итните служби, вклучувајќи две амбулантни возила и два хеликоптери за спасување, биле испратени во училиштето. Портпаролката на Итната медицинска помош, Петра Климешова, потврди дека ученичката која била нападната била префрлена со хеликоптер во болница во критична состојба.

Второто повредено лице, 44-годишна наставничка, има убодна рана во градите. Откако добила прва помош на местото на настанот, и таа била префрлена со хеликоптер во болница .

Третата жртва на нападот, 61-годишна наставничка, починала од повредите.

Главниот словачки обвинител Марош Жилинка изјави дека „трагедијата е повик до целото општество посериозно да се соочи со насилството, омразата и растечката агресија“ .

Ученичкиот совет изрази солидарност со учениците, наставниците и семејствата погодени од нападот. Тие рекоа дека училиштата мора да бидат безбедни места и повикаа на систематски пристап кон решавање на безбедносните прашања во образовните институции.

Полицијата продолжува со истрагата и ќе објави повеќе детали за околностите на нападот откако ќе заврши истрагата.