Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напад со нож во средно училиште во Загреб, двајца повредени

/

Свет

Сподели преку :

Две лица се повредени во напад со нож во средно училиште во Загреб, а напаѓачот, ученик во училиштето, е приведен, соопштија хрватските власти.

Повредени се друг ученик и вработен во училиштето.

Ученикот се здобил со повеќе убодни рани и бил опериран, но е надвор од животна опасност.

Вработениот во училиштето има повреди на лицето. Министерството за образование соопшти дека во нападот било употребен „остар предмет“.

Полицијата го обезбеди училиштето додека трае истрагата.

Според хрватскиот портал „Индекс“, нападот следел по несогласување меѓу двајцата ученици еден ден претходно.