Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напад со дрон и пожар на брод во Црното море – Романските власти започнаа операција за спасување

/

Свет

Сподели преку :

Романските власти започнаа операција за пребарување и спасување во близина на брегот на Џрното море, откако дрон удри во брод, по што тој се запали.

Ова е најновиот инцидент во низата напади што предизвика стравувања дека војната на Русија во Украина се шири.

Според романската поморска управа, пет лица се спасени откако бродот „вајн трејдер“, танкер за хемикалии што пловел под знамето на сан марино од тунис кон романија, се запалил при нападот.

Седум други лица сè уште се водат како исчезнати. Tоварниот брод бил погоден од дрон, исто како и еден друг брод во посебен инцидент претходната вечер. Се уште е непознато чии се дроновите.