Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 16 повредени во ракетен напад врз Одеса

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.

Шестмина од повредените се хоспитализирани, вклучително и бебето. Во нападот се целосно разрушени горните катови на повеќекатна станбена зграда, додека експлозивниот бран оштетил и соседни објекти и гасовод со низок притисок.

Надлежните служби се на терен и работат на санирање на последиците од нападот. Засега нема информации за други повредени.

Одеската област е дом и на значајна бугарска заедница, која според последниот официјален попис брои повеќе од 150.000 лица.