Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 900 загинати и 4.200 исчезнати по разорните поплави во Непал

/

Свет

Сподели преку :

Над 900 лица загинаа, а повеќе од 4.200 се водат како исчезнати во катастрофалните поплави во Непал, покажуваат најновите податоци на локалните власти. Локалните медиуми, пак, известуваат за погреби во масовни гробници, одлука што предизвика контроверзи во претежно хиндуистичката земја во која вообичаено е кремирањето.

Најголем дел од исчезнатите или 3.655 по кои и натаму се трага се Непалци додека 592 се странски државјани. Меѓу нив, 933 се вработени во хидроцентрални, а 102 се војници, полицајци и цариници.

Илјадници луѓе се ангажирани во спасувачките операции по преживеани. Паралелно се расчистуваат последиците на разорената инфраструктура, уништените села, патишта, јавни и приватни објеки и најмалку 12-те оштетени хидроцентрали. Храна, вода и основни производи до жителите во погодените подрачја се доставуваат со хеликоптери.

Дел од преживеаните сведочат за трагедијата што се случи на 26 август и која засекогаш ги промени нивните животи. Велат дека сè се случило наеднаш, некои едвај се спасиле, некои, пак, немале време да реагираат, освен пред свои очи да гледаат како наносот ги уништува нивните имоти.

„Слегов долу, ја кренав мајка ми во раце и им реков на синовите да ја земат и нивната мајка. Потрчав кон џунглата, веројатно стигнав на оддалеченост од само 100-тина метри. Изгубив сè – куќата, автомобилот, фармата. Ги изгубив сите пред моите очи“, вели преживеан од поплавата во Непал.

Дел од жителите во Дадинг, еден од најтешко погодените региони во Непал, почнаа да се враќаат во своите уништени домови со надеж дека ќе можат да спасат нешто, ако воопшто може да се спаси. Долж реката можеа да се забележат возила и трактори како се обидуваат да се пробијат низ густиот сиво-кафеав нанос.

Според американскиот геолошки Институт, катастрофата во Непал била предизвикана од колапс на глечер кој се урнал во дното на долината. Од Институтот додаваат дека силата со која паднал кон населените места предизвикала потрес со магнитуда од 5,2 степени. Тоа довело до катастрофални последици – моќни поплави и огромни наноси кои се движење 100 километри крај реките Тришули и Ботекоши, но и низ градови во северниот дел на Непал кои се популарни дестинации за планинари.

Сашко Димовски