Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мурадов: Путин не може да прогласи победа во Украина

/

Свет

Сподели преку :

Добитникот на Нобеловата награда за мир и новинар Дмитриј Мурадов смета дека Русија не може да ја освои Украина, туку само да ја уништи.

Во интервју за Би-би-си, поранешниот главен уредник на „Новаја газета“ оцени дека, без оглед на исходот од војната, по речиси пет години конфликтот повеќе не може да се смета за победа.

Мурадов предупредува и на зголеменото споменување на можноста за употреба на нуклеарно оружје во Русија.

Тој вели дека од почетокот на годинава употребата на нуклеарно оружје била спомената повеќе од 500 пати, вклучително и во руските државни медиуми и на официјални настани. Според него, никој не може со сигурност да знае што се случува во главата на Владимир Путин.

Нобеловецот истовремено ја опиша како драматична состојбата со слободата на говорот во Русија. „Новаја газета“ остана без печатено издание, а пристапот до нејзината веб-страница во Русија е блокиран.

Мурадов, кој и самиот е прогласен за „странски агент“, особено е загрижен за политичките затвореници и луѓето кои се осмелиле јавно да се спротивстават на војната во Украина.