Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц пристигна во Киев под сирени и експлозии – Германија со 1 милијарда евра воена помош за Украина

/

Свет

Сподели преку :

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во Киев во момент кога украинската престолнина беше под воздушна тревога и се слушаа експлозии. Берлин најавува нов пакет помош од една милијарда евра, како и дополнителни средства за енергетскиот сектор.

Мерц во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време на засилени руски напади врз украинската инфраструктура.

„Украина има потреба од сета наша поддршка во наредните недели“, изјави Мерц, предупредувајќи дека доколку Русија не биде запрена, нејзината воена машинерија би можела да претставува закана и за други европски земји.

Германија планира да обезбеди 1 милијарда евра воена помош, а дополнителни 350 милиони евра ќе бидат наменети за поправка и обновување на украинскиот енергетски сектор.

Во Киев во текот на утрото биле активирани четири воздушни тревоги. Експлозии и дејствување на украинската воздушна одбрана биле регистрирани низ повеќе делови од градот.

Посетата на Мерц е фокусирана и на продлабочување на воената соработка меѓу Германија и Украина.

Двете земји се очекува да финализираат договор за заедничко производство на дронови, ракети и воен софтвер, а посебен акцент ќе биде ставен на дронови-пресретнувачи за борба против руските воздушни напади.

Планирана е и соработка во развојот и производството на оружје со дострел поголем од 1.000 километри.