Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидерот на пучот во Мијанмар имаше прво ТВ обраќање, масовни протести на улиците

/

Свет

Сподели преку :

Лидерот на пучот во Мајанмар имаше свое прво ТВ обраќање, обидувајќи се да ја оправда акцијата против масовните протести. Мин Аунг Хлаинг рече дека ноемвриските избри, на кое убедливо победи партијата на приведената лидерка на Аунг Сан Су Ки, биле неправедни.

Војската почна да наметнува ограничувања во некои области, полициски час и ограничување на собирите.

Денеска трет ден по ред се одржаа масовни протести против пучот. Говорот на генералот исто така предизвика револт, а фотографиите на друштвените мрежи ги покажуваат луѓето како тропаат во тенџериња во знак на протест пред телевизиските екрани.