Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кучиња до смрт искасаа српски новинар

/

Свет

Сподели преку :

62-годишниот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ почина откако три кучиња го искасаа до смрт во селото Иванча во близина на Белград. Во инцидентот тешко е повредена и сопругата на новинарот која се обидела да го спаси.

Радосављевиќ бил на викенд во својата викендица и се шетал низ селото кога три кучиња излетале од двор со отворена капија и го нападнале, објавија српските медиуми.

Кучињата го искасале и не го пуштале, а во еден момент успеал да ја повика сопругата со мобилен за да му помогне. Но и таа била нападната и искасана.

-Една жена успеа да ги внесе кучињата во двор и да ги заклучи. Тој седеше на земјата и крвареше. Неговата сопруга викаше. Повикавме брза помош. Но, тој искрвари, изјавила жителка на Иванча за весникот Информер.

Кучињата биле од агресивните видови, едното било од расата стафорд, а другото било мешан стафорд и питбул, изјавија од ветеринарната институција која ги зела животните. Сите кучиња имале плочка околу вратот со телефонски број што значи дека имаат сопственици и не се напуштени кучиња.

Полицијата потоа откри дека сопственикот на кучињата е во затвор, а жената која требало да се грижи за нив заминала во Франција.

Сопругата на новинарот е во тешка состојба во болница бидејќи има повеќе рани од ѕверскиот  напад.

Радосављевиќ е познат новинар кој со децении се бори за слободата на медиумите и етичко новинарство во Србија. Ја почнал кариерата во средината на 80-тите години од минатиот век, а беше и основач на телевизиската “Мрежа” која произведува телевизиска содржина за независните медиуми во Србија. Последните години, Радосављевиќ им предавал етика на младите новинари и студенти.