Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска од Букурешт порача дека безбедноста на Европјаните е тесно поврзана со безбедноста на источната граница. По состанокот со претседателот Никушор Дан, тој истакна дека ЕУ ќе продолжи да стои цврсто до Романија и се заблагодари за доследната поддршка на Украина.
Кошта нагласи дека нема да успеат обидите на Русија за заплашување на европските држави или да го нарушат нивното единство.
Првиот човек на ЕС посебно го истакна значењето на процесот на членство во Унијата заснован на заслуги, посочувајќи ги Молдавија, Украина и државите во регионот на Западен Балкан како важни за иднината на Европската Унија.
Кошта денеска ја продолжува „Турнејата по главни градови“ на земјите членки на ЕУ со посета на Софија и на Атина, а утре ќе патува на Кипар и во Словенија.












