Портапаролката на Белата куќа Каролин Ливит ќе ја напушти функцијата на крајот на овој месец. Заминувањето на Ливит, писмено го објави претседателот Трамп соопштувајќи дека таа ја напушта позицијата за да помине повеќе време со семејството.
„Нашата прекрасна портпаролка на Белата куќа и една од моите најдоверливи помошнички, Каролина Ливит, ќе ја напушти својата позиција на крајот од месецот за да може да помине повеќе време со своите прекрасни мали деца и семејство, одлука што целосно ја разбирам и почитувам!“, напиша Трамп.
Трамп додава велејќи дека таа ќе остане во неговата орбита како надворешен советник и ќе продолжи да игра улога во републиканската политика пред среднорочните избори.
28 годишната Ливит, стана портпаролка на Белата куќа минатата година – станувајќи најмладата личност што некогаш ја имала таа улога.












