Шефицата на европската дипломатија Каја Калас на Европскиот совет во Брисел порача дека „проширувањето не треба да се билатерализира“, во контекст на блокадите и условувањата што ги следат пристапните процеси на земјите кандидати.
- Во однос на ова прашање, навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување. Ако го погледнеме процесот на проширување како таков, Европа е многу мал континент. Всушност, треба да бидеме посилни заедно со земјите што се дел од Европа. Во понеделникот имавме дискусија со министрите за надворешни работи, меѓу другото, и за безбедносните аспекти на проширувањето, како и за тоа што овие земји ѝ носат на безбедноста на Европската Унија откако ќе станат нејзини членки.












