Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужна Кореја нема да испраќа војска во Ормутс

/

Свет

Сподели преку :

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг изјави дека земјата нема да испраќа воени сили во Ормутс доколку тоа би значело нејзино вклучување во конфликтот на Блискиот Исток.

Тој нагласи дека Сеул нема да преземе активности што би можеле да доведат до директно учество во војната.

Сепак, посочи дека се потребни минимални активности за заштита на јужнокорејските трговски бродови, транспортот на сурова нафта и безбедноста на граѓаните.

Според него, токму можноста за мешање на овие активности со воени операции предизвикува загриженост кај јавноста.

Ли истакна дека наредил да се разгледаат начини за обезбедување на неопходната заштита во регионот, но повтори дека Јужна Кореја нема да биде вклучена во конфликтот.

–Во врска со прашањето за распоредување трупи, можам да го кажам следново: нема да им  распоредување што би  значело вклученост или ангажман во конфликтот. Тоа можам јасно да го потврдам. Нема да има никакво учество или вклученост во конфликтот.Нема да спроведеме таков вид распоредување,  ниту пак ќе испратиме  воени ресурси во таа форма, изјави Ли Џае-Мјунг.