Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јули беше најтоплиот месец во САД откако почнаа мерењата во 1895 година

/

Свет

Сподели преку :

Јули бил најтоплиот месец некогаш забележан во Соединетите Држави, според податоците објавени од Националната управа за океани и атмосфера.

Месецот го одбележаа долготрајни и интензивни „топлински куполи“, кои доведоа до рекордно високи температури – од Источниот брег, преку регионот на Големите рамнини, па сè до државите на југозапад.

Евиденцијата на NOAA за температурите датира уште од 1895 година.

Кон крајот на месецот, големи шумски пожари беснееја во северозападниот дел на САД и во Канада, што беше одраз на она што се случуваше во Европа, каде што беше забележано најжешкото лето досега.

Просечната температура во јули за 48-те соседни американски сојузни држави била за 3,3 степени повисока од просекот за 20-тиот век, соопшти NOAA. Тоа е за околу 0,1 до 0,2 степени потопло во споредба со јули 1936 и јули 2012 година – претходните рекордери, се вели во извештај на NOAA.

Според податоците во текот на јули оваа година, низ САД беа поставени повеќе од 600 месечни рекорди за највисоки максимални и минимални температури.

Од друга страна, постевнеи се и помалку од 50 месечни рекорди поврзани со ниски температури.

Вообичаено, во кој било месец, бројот на овие рекорди би требало да биде приближно изедначен. Климатските промени предизвикани од согорувањето на фосилните горива го изменија овој образец.

Минатиот месец беше одбележан со силен топлотен бран што ја зафати источната половина на земјата за време на празничниот викенд околу 4-ти јули, а по него уследија и нови бранови на екстремни горештини. Според податоците на NOAA, ниту една сојузна држава немала просечна или подпросечна температура за овој месец.

Јули се загрева особено брзо во текот на последните неколку децении. Според „Climate Central“ во 229 градови во САД, температурите во јули се зголемиле во просек за 2,6 степени од 1970 година, при што највисоките стапки на затоплување се забележани во градовите на пацифичкиот северозапад и југозапад.

Меѓу градовите што го забележаа својот најтопол јули се Денвер и Солт Лејк Сити, бидејќи регионот „Интермаунтин Вест“ (Intermountain West) се соочи со најголеми отстапувања на температурата нагоре во однос на просекот во текот на минатиот месец. Сепак, многу градови низ земјата имаа месец што се најде меѓу петте најтопли, вклучувајќи ги Мајами, Лос Анџелес и Минеаполис.

Покрај долгорочните климатски промени, појавата на Ел Нињо во тропскиот дел на Тихиот Океан, која брзо се засилува, исто така почнува да придонесува за покачување на просечните глобални температури на морето и воздухот, а можеби одиграла и улога во зголемувањето на температурите на воздухот низ САД во текот на јули.

Сепак, студиите покажаа дека поединечните топлотни бранови што ја погодија земјата биле повеќе поврзани со климатските промени и природната варијабилност на временските системи отколку со Ел Нињо.

Екстремните горештини во јули не беа насочени само кон САД, голем дел од Европа е зафатен од повеќе топлотни бранови кои, кон крајот на месецот и во почетокот на август, доведоа до појава на шумски пожари во Шпанија, Франција, Обединетото Кралство, Грција и други земји. Според Службата за климатски промени „Коперникус“, Западна Европа ги забележа најжешките први два месеци од летото досега.