Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иранскиот претседател ги обвини САД и Израел за глобалната нестабилност во својот говор во ОН

/

Свет

Сподели преку :

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, во денешниот пркосен говор пред Обединетите нации ги обвини САД и Израел дека ја поттикнуваат глобалната нестабилност,  како и за нелегалните напади врз цивилите и инфраструктурата на неговата земја.

Обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк дојде како жесток одговор до претседателот Доналд Трамп, кој еден ден претходно во своето обраќање во светската организација рече дека размислува дали да го „уништат“ Иран по речиси седум месеци војна.

Пезешкијан, претставувајќи го Иран како жртва на американската и израелската агресија, потврди дека неговата земја ќе продолжи да се бори „до последен здив“.

„Претседателот на Соединетите Американски Држави нè опиша како терористи. Ние сме жртви на тероризам“, рече Пезешкијан.

„Дали ние сме извори на нестабилност? Ние само се стремиме да живееме независно“, рече Пезешкијан. „Ние ли сме тие што предизвикуваат нестабилност? Тие што вршат тероризам и извршуваат злосторства, дали тие се заштитници на мирот и стабилноста?“ – изјави иранскиот претседател.

Пезешкијан го започна својот говор држејќи фотографии од деца за кои рече дека биле убиени од американски и израелски бомби.