Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран за заканите на Трамп: Тоа е домашна пропаганда

/

Свет

Сподели преку :

Заедничката воена команда на Иран реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното Собрание на Обединетите Нации наведувајќи во соопштението дека неговите закани биле наменети за „домашна пропаганда“, а не за одраз на реалната состојба на терен.

Генералштабот на вооружените сили и Централниот штаб ‘Хатам ал -Анбија’ во соопштение наведоа: Непријателските изјави и постојаните закани од страна на американскиот претседател упатени кон Иран придружени со неговата злоупотреба на говорницата на Обединетите нации за да ги претстави агресијата, создавањето несигурност и разбојништвото во светот како легитимни – не се засноваат на реалната состојба на терен, туку претставуваат само средство за домашна пропаганда, вели Иран.