Иран воспоставил широка тајна мрежа од повеќе од 5.000 воени агенции преку кои набавува оружје, експлозиви, компоненти за ракети и беспилотни летала, како и тешки товарни возила, заобиколувајќи ги западните санкции и американската поморска блокада.
Според истражувањето на „Ројтерс“, од јануари 2025 до јуни 2026 година, преку оваа мрежа биле увезени воени материјали во вредност од најмалку 2 милијарди долари, од Кина, Русија и европски земји.
Агенциите, поврзани со иранското Министерство за одбрана и логистика на вооружените сили, функционираат преку посредници и странски компании кои овозможуваат набавки и финансиски трансакции надвор од вообичаените банкарски канали.
Меѓу набавките се стотици камиони „Ивеко“, возила „Тојота“, хемикалии за ракетно гориво, експлозиви и делови за воздухопловни мотори.
Истражувањето открива дека испораките продолжиле и за време на војната, и покрај американските напади и ограничувањата во поморскиот сообраќај.
Материјалите пристигнувале преку Каспиското Море, копнени транспортни правци од Централна Азија и карго-летови од Кина.
Според експертите цитирани од „Ројтерс“, оваа мрежа му овозможува на Иран да ги обновува и проширува своите ракетни капацитети, покажувајќи ги ограничувањата на меѓународните санкции во спречувањето на воените набавки.












