Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: Нема напредок во преговорите со САД

/

Свет

Сподели преку :

Иран соопшти дека нема напредок во разговорите со САД за обновување на привремениот мировен договор постигнат во јуни. Договорот, кој предвидуваше прекин на воените операции, брзо се распадна, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување на преземените обврски.

Техеран бара САД да се вратат на привремениот договор, да ги исполнат преземените обврски и да ги ослободат замрзнатите ирански средства. Вашингтон, пак, го обвинува Иран дека не ја исполнил обврската за повторно отворање на Ормускиот Теснец, клучна рута за транспорт на нафта и гас.

Дополнително загриженост предизвикуваат новите напади врз бродови во регионот. Ирански претставник порача дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен додека САД не ги прифатат условите на Техеран, што дополнително ги зголемува стравувањата од продолжување на конфликтот и нарушување на глобалните енергетски пазари.