Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интензивната суша ја натера Франција да ја ограничи потрошувачката на вода

/

Свет

Сподели преку :

Околу 70 проценти од територијата на Франција ја ограничи потрошувачката на вода, поради интензивната суша предизвикана од повторените топлотни бранови што ја погодија земјата во последните три месеци, објави денеска Министерството за еколошка транзиција на земјата.

99 департмани во Франција, односно области од речиси сите градови во таа земја, се барем на прагот на предупредување за потрошувачка на вода, а меѓу нив 67 департмани се во кризна состојба, а 21 се во состојба на зголемена готовност.

Ограничувањата за користење на вода се применуваат, во зависност од нивото на прогласената криза, за наводнување на градини и зелени површини, полнење базени, миење автомобили и наводнување на посевите.

-Во соопштението од властите се вели дека додека Франција доживува особено интензивна суша, ефектите од климатските промени продолжуваат да ги влошуваат тензиите околу водните ресурси.