Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници протестираа во Прага против владата на Бабиш

/

Свет

Сподели преку :

Илјадници луѓе излегоа на протести во Прага против владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Протестот го организираше движењето „Милион моменти за демократијата“, кое ја критикуваше Владата за политиките поврзани со националната безбедност, дезинформациите и јавните медиуми.

Демонстрантите на Староградскиот плоштад вееја знамиња на Чешка, Европската Унија и Украина.

Организаторите ги повикаа граѓаните масовно да учествуваат на претстојните локални избори и изборите за третина од Сенатот, закажани за 9 и 10 октомври.

На протестот беа упатени и критики за можен конфликт на интереси поврзан со Бабиш, како и за неговите неодамнешни изјави за независноста на судството.

Здруженијата на адвокати и судии реагираа на неговите тврдења, оценувајќи ги како напад врз судството.