Со едноминутен молк и комеморативна церемонија во Меморијалниот парк на мирот, Хирошима ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање, при што беа испратени силни пораки против нуклеарното оружје и повик за зачувување на глобалниот мир.

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, предупреди дека оправдувањето на нуклеарното одвраќање и употребата на сила може да доведат до нови трагедии како Хирошима и Нагасаки.
Тој оцени дека однесувањето на светските лидери, кои ја оправдуваат сопствената нуклеарна политика, ги поткопува меѓународните напори за мир и режимот за неширење на нуклеарното оружје.

Јапонската премиерка Санае Такаичи, која за првпат присуствуваше на церемонијата како премиер, истакна дека ужасите од атомските бомбардирања никогаш не смеат да се повторат.
Таа нагласи дека Јапонија останува посветена на своите три ненуклеарни принципи и најави продолжување на практичните иницијативи за свет без нуклеарно оружје, преку зајакнување на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Комеморацијата се одржа во период кога во Јапонија се водат дебати за идната безбедносна политика и можни измени на долгогодишните ненуклеарни принципи на земјата.












