Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хакерски напад врз криптоберзата „Бајнанс“ – погодени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари

/

Свет

Сподели преку :

Криптоберзата Бајнанс, најголемата платформа за тргување со криптовалути во светот, потврди безбедносен инцидент во кој биле погодени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека околу половина од средствата веќе се замрзнати со помош на други криптоплатформи, а истакна и дека ќе ги покрие сите загуби.

Според првичните информации, нападот можеби бил овозможен преку компромитиран лаптоп на инженер, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече средства.

Аналитичките компании со висок степен на сигурност го поврзуваат нападот со севернокорејската хакерска група Трејдер трејтор.

Доколку проценките се потврдат, станува збор за напад поголем од досегашниот рекорд од 1,5 милијарди долари, поврзан со хакирањето на берзата Бајбит во 2025 година.

По инцидентот, Бајнанс привремено ги оневозможи повлекувањата додека не се потврди безбедноста на системот.

Веста предизвика потрес на криптопазарот, при што цената на биткоинот падна за повеќе од 4%, а загуби забележаа и Етериум и Солана.