Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гутереш: Светот е длабоко поделен

/

Свет

Сподели преку :

Светот е длабоко поделен, а најмоќното тело на Обединетите Нации е парализирано кога станува збор за ставање крај на конфликтите. Сепак, постои начин да се оди напред. Така вели првиот човек на ОН.

Додека се подготвува да ја напушти функцијата на крајот на годината, по речиси една деценија, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш – познат по своите песимистички говори за состојбата на планетата –изјави дека гледа надеж и можности во годините што доаѓаат.

-Најостро ги осудуваме ужасните прекршувања на човековите права. На многу јасен начин го осудивме нападот на Хамас од 7 октомври. Тоа е недопустлива работа. Но, исто така, ја осудивме и ужасната ситуација што Израел ја создаде во Газа, со размери на смрт и уништување какви што немаат пандан во историјата на Обединетите нации. Всушност, ние не пристапуваме кон политиката преку некаква трговија, интереси. Како ОН, ние треба да бидеме пример за вредности и принципи за целиот свет, изјави Гутереш.