Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси, изјави дека работата на агенцијата со Иран ќе продолжи без оглед на тоа дали ќе биде усвоена резолуција за упатување на случајот пред Советот за безбедност на ОН.
Гроси посочи дека Иран треба да обезбеди конкретни информации за состојбата на нуклеарните објекти, вклучително и за евентуалните промени во залихите и причините поради кои инспекторите немаат пристап до одредени локации.
Тој додаде дека досега не била воспоставена потребната комуникација со иранските власти.
Според Гроси, најбрзиот пат кон позитивен исход е Иран сериозно да се вклучи во дијалог со ИАЕА и да овозможи пристап на инспекторите, со почитување на безбедносните и доверливите прашања.
Тој оцени дека таквиот процес би придонел за мир, а не за нова војна.












