Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Гореше облакодер во Хонг Конг, евакуирани стотици луѓе

/

Свет

Сподели преку :

Пожарникарите од Хонг Конг ноќеска се бореа со пожар кој зафати облакодер на градилиште во популарната шопинг област во градот.

Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населената област Цим Ша Цуи околу 23 часот. Повеќе катови од конструкцијата, вклучително и скелиња, беа во пламен, а запалените остатоци летаа на сите страни. Локалитетот е опкружен со трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти. Жителите на станбена зграда близу до местото на настанот мораа да бидат евакуирани, соопшти полицијата, но нема информации за евентуални жртви или повредени. Станува збор за стотици евакуирани, од кои 170 деца. Полицијата соопшти дека опожарени се и четири соседни згради, но пожари таму веднаш биле изгаснати.