Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големо руско гранатирање во Украина

/

Свет

Сподели преку :

Украинските власти известија за ново масовно руско гранатирање, а утринава одекнаа експлозии во неколку градови. Според властите, тие биле од системите за ПВО што собориле руски ракети.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Олексиј Арестович на „Фејсбук“ напиша дека над 100 ракети биле испукани кон Украина во неколку бранови, а сирените за тревога биле активирани на различни места во земјата.

Според локални медиуми, експлозии се регистрирани во главниот град Киев, Житомир и Одеса.

Соопштено е и дека напојувањето е исклучено во регионите Одеса и Дњепропетровск со цел да се минимизираат можните штети на енергетската инфраструктура.