Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Г7 ослободува дел од стратешките резерви на дизел и сурова нафта – Трамп задоволен

/

Свет

Сподели преку :

Групата седум најбогати земји се согласи да ослободи до 100 милиони барели нафта од стратешките резерви во текот на четири месеци за да ги ублажи растечките цени на горивата. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ослободувањето, кое ќе го координира Меѓународната агенција за енергија, ќе започне веднаш и ќе вклучува значителна количина дизел во првите 20 дена.

  • „Одлучивме да ги ослободиме стратешките резерви на дизел и сурова нафта, под координација на Меѓународната агенција за енергетика, која ќе заседава во наредните часови или денови за да го организира ова и, на тој начин, во рок од четири месеци да ослободи до 100 милиони барели дизел и сурова нафта. Овој процес ќе започне со приоритет на дизелот. Во секој случај, Франција ќе го преземе овој чекор со своите резерви, што истовремено претставува и начин да се испрати јасен сигнал до пазарите“ – Емануел Макрон, претседател на Франција.

Г7 соопшти дека нејзините членки, исто така, ќе се воздржат од ограничување на извозот на енергија едни кон други. Овој потег доаѓа во време кога цените на нафтата и горивата се зголемија за време на осуммесечната војна со Иран.

  • „Сето ова испраќа јасен сигнал за единството на Г7 во овој период, како и за желбата да го подобриме нашето производство, капацитетите за транспорт и способноста за соработка при управувањето со залихите и трговијата, што е многу позитивно. Всушност, сето ова може да придонесе кон пад на цените на глобалните пазари и да го поттикне тој процес. Како и да е, постои единство во рамките на Г7 по ова прашање. И јас повторно ќе ја свикам Г7 во овој формат и за оваа тема, онолку пати колку што ќе биде потребно“ – Емануел Макрон, претседател на Франција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се придружи на видеоконференцијата на Г7 откако разговараше со Макрон за зголемувањето на цените на горивата и снабдувањето со нафта. Тoj пред новинарите не потврди дали сега кога ќе стигнат испораките од Европа забраната за извоз на дизел е официјално отфрлена.

  • „Па, ние никогаш немаше да го направиме тоа. Не мислам дека ќе го направевме. Но, во суштина, Европа беше одлична бидејќи користат многу дизел. Тие имаат дизел. Користеа дизел несразмерно повеќе од повеќето други и завршија одлична работа“ – Доналд Трамп, претседател на САД.

Одлуката доаѓа во време кога Трамп се соочува со притисок поради зголемувањето на цените пред среднорочните избори на 3 ноември, при што некои републиканци повикуваат на ограничувања на извозот на американски дизел за да се зголемат домашните залихи.

Билјана Ставрова