„Студентската листа – Студентите победуваат“, главната опозициска сила на предвремените парламентарни избори кои во недела на 25 октомври ќе се одржат во Србија, го одржува вечерва на плоштадот Славија во Белград својот последен предизборен митинг.
Кон Славија организирано се тргнало во шест колони од различни делови на градот: од Нов Белград, од Земун како и од Чукарица.
Нешто подоцна тргнале и колоните од Студентскиот плоштад, од зградата на техничките факултети на Булеварот на кралот Александар, како и од Автокоманда.
Во текот на денот биле организирани и неколку колони автомобили од различни делови на Србија.
На митингот на Славија, наречен: „Победата те повикува“, му претходea повеќедневни студентски маршеви од целата земја, од источна, западна и северна Србија.
Синоќа, пред зградата на Ректоратот во Белград, за студентите беше организиран и голем пречек.















