Европа ја очекува нов бран на инфекција од корона вирусот.
Ова го тврдат европските здравствените власти кои велат дека сите показатели укажуваат на тоа дека пандемијата се уште не е завршена.
Според нив повторно се бележи пораст на инфекциите, што укажува дека започнал уште еден бран на зарази, потсетувајќи притоа и на можното појавување на грипот со доаѓањето на есента и зимата.
Стравот од нов бран го поткрепуваат и со информацијата дека милиони луѓе ширум Европа се уште не примиле вакцина против Ковид апелирајќи до европските земји да најдат начин да допрат до овие лица за да ги добијат неопходните дози.












