Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ се откажа од идејата Канада да стане придружна членка

/

Свет

Сподели преку :

Европската Унија се повлече од предлогот Канада да добие статус на „придружна членка“, по несогласувањата меѓу земјите-членки.

Наместо тоа, во заедничката декларација од самитот во Монтреал се предлага продлабочување на соработката меѓу двете страни, без полноправно членство во Унијата.

Предлогот го отвори претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатиот месец, но наиде на резерви кај повеќе европски влади, меѓу кои и Германија.

Дел од дипломатите сметаат дека статусот на придружна членка нема јасна правна основа во актуелните договори на ЕУ и дека не е дефинирано какви права би имала Канада во институциите на Унијата.

Канадскиот премиер Марк Карни се залага за посилни економски и стратешки врски со Европа, особено во областите на одбраната, енергетиката, критичните минерали и дигиталните пазари.

Двете страни планираат до следниот самит во 2027 година да го дефинираат концептот за поблиска соработка, во време на трговски тензии со САД и напори на Канада да ги диверзифицира своите меѓународни партнерства.