Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ издала рекорден број нови дозволи за престој

/

Свет

Сподели преку :

Земјите од Европската Унија во 2025 година издале околу 3,9 милиони нови дозволи за престој на државјани од земји надвор од ЕУ, што е највисоко ниво откако се води оваа статистика. Според Евростат, бројот е зголемен за 10,1 отсто во однос на 2024 година.

Најчеста причина било вработувањето со 33,6 отсто од дозволите, следено од семејното обединување со 28,1 отсто и образованието со 15,5 отсто.

Шпанија издала најмногу дозволи – 635.438, пред Германија со 605.292, Полска со речиси 470 илјади, Италија со нешто над 433 илјади и Франција со околу 377 илјади.

Овие пет земји заедно биле одговорни за речиси две третини од сите нови дозволи во ЕУ. Во Шпанија, сепак, најголем дел од дозволите биле поврзани со семејно обединување, додека Полска и Португалија биле меѓу водечките земји според дозволите издадени за работа.

Украинските државјани биле најбројната група нови носители на дозволи, најголем дел издадени во Полска.

Следуваат државјаните на Индија и Мароко… На крајот на 2025 година во ЕУ имало и рекордни 27,8 милиони важечки дозволи за престој.