Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ел Нињо се заканува да го зголеми гладот во светот

/

Свет

Сподели преку :

Светската програма за храна на Обединетите нации предупреди дека климатскиот феномен Ел Нињо може да доведе до зголемување на бројот на луѓе со акутен недостиг на храна за најмалку 49 милиони.

Промените во временските услови можат да предизвикаат суши, поплави и екстремни температури.

Од агенцијата посочуваат дека климатските удари дополнително ги влошуваат последиците од војните, економската нестабилност и нарушеното производство и трговија со храна.

Најпогодени би можеле да бидат земји кои веќе се соочуваат со долготрајни конфликти и хуманитарни кризи.

Експертите предупредуваат дека навремените мерки и помошта пред појавата на последиците од Ел Нињо можат да ги заштитат ранливите заедници и да ги намалат трошоците за хуманитарна помош.

Особена загриженост постои за можни кризни ситуации во Судан, Јужен Судан и јужна Сомалија.