Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозија во Ормускиот теснец: Нафтен танкер удрил во поморска мина

/

Свет

Сподели преку :

Нафтен танкер експлодираше откако удри во поморска мина во Ормускиот теснец,, соопшти денеска морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда.

Tанкерот се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец по неовластена рута кога удрил во мина, предизвикувајќи катастрофална експлозија и силен пожар, пренесе иранската телевизија „Прес ТВ“.

Во соопштението се наведува дека танкерот намерно ги исклучил сите системи за позиционирање и радарите во обид да ги доведе во заблуда иранските поморски власти.

„Бродот се обидувал да го помине теснецот со поддршка и заштита од војската на американските шверцери и терористи“.

Оваа одлука била директна причина за катастрофата.