Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина, 13 се повредени – силно невреме во Германија

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку едно лице загина, три се тешко повредени, а 10 се здобиле со полесни повреди во силното невреме што ја погоди источна Германија. Според службата за вонредни ситуции во Дрезден, 28-годишен маж го загубил животот кога врз него паднало дрво во близина на сцена во Ратен, пренесува Шпигел.

Невремето предизвика проблеми и во Штутгарт и во Хамбург, каде пожарникарите интервенирале 140 пати поради последици од олујата.