Два трговски брода се погодени со дронови во Црното Море кај брегот на Бугарија. Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот. Засега никој не е обвинет за нападот кој, според јавно достапните информации, е прв таков врз бродови во економска зона на земја членка на НАТО.
Бугарската влада најави обраќање на премиерот Румен Радев во 11:15 часот по локално време.
Екипажот на потонатиот брод е исчезнат, додека екипажот на другиот брод е спасен, рече Румен Николов, раководител на спасувачките операции во Варна, пренесува БНР.
Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите Алфа Ватан, кој пловел под знамето на Того и за кој наведува дека потонатиот, и за Ејбл кој плови под знамето на Палау. Сите 18 членови на екипажот биле преземени од траект, веднаш штом избил пожарот. Меѓу нив, според првичните информации, има повредени.
Инцидентот доаѓа по еден ден од нападот со најмалку еден дрон врз товарниот брод во турска сопственост кој во Црното Море вршел транспорт на жито. По пожарот, бродот потона.
Фото: printscreen/marinetraffic.com












