Како што објави Би-Би-Си, еден од петтемина мажи уапсени во близина на базата на британските Кралски воздухопловни сили во Ферфорд во раните утрински часови во неделата, самиот го повикал бројот за итни случаи 999.
Осомничениот се јавил во полицијата во 00:45 часот по британско летно време, речиси еден час пред една земјоделка исто така да го повика бројот 999 откако забележала мажи со фантомки.
Петмината беа уапсени под сомнение за кривични дела поврзани со експлозиви, а подоцна и за дела поврзани со тероризам, откако биле забележани три комбиња, што предизвикало голем безбедносен инцидент околу базата во Глостершир со која управува американската војска.
Тие беа пуштени на слобода со кауција во понеделникот, потег што полицијата го опиша како „истражна одлука“ „заснована на искуство и стратегија“.
Полицијата соопшти дека при претресот на комбињата биле пронајдени одредени количество бензин, но не и експлозивни направи.
Земјоделката изјави дека било „чиста среќа“ што ги забележала, бидејќи кога пристигнала дома, го затекнала патот блокиран и видела „голема група мажи со капуљачи и маски“.
Базата на Кралските воздухопловни сили со децении се користи како истурена оперативна локација од страна на Военото воздухопловство на САД.












