Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајцата Летонци кои беа уапсени во воена база во Велика Британија се ослободени со кауција

/

Свет

Сподели преку :

Двајца Летонци се ослободени со кауција по апсењето за кршење на периметарската ограда на британска воздухопловна база што ја користи американското воено разузнавање.

„Мажите, на возраст од 36, односно 32 години, беа уапсени под сомнение дека влегле во ограничен воен објект со намера да им наштетат на интересите на Велика Британија, откако беа пронајдени во РАФ Молсворт во Кембриџшир, источна Англија, вчера во 2 часот наутро“, соопшти лондонската полиција.

Двајцата, кои живеат во Велика Британија, беа однесени во полициска станица во Кембриџшир пред да бидат ослободени со кауција под строги услови.

Командирката Хелен Фланаган, раководителка на полициската служба за борба против тероризмот во Лондон, рече дека истражителите сè уште работат на „идентификување на каква било потенцијална мотивација зад тоа зошто мажите биле на таа локација“.

Таа повтори дека истражителите не пронашле докази што го поврзуваат инцидентот со настаните во РАФ Ферфорд во Глостершир, југозападна Англија, минатиот месец.