Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали е ова премногу добро за да биде вистинито? – еве како да препознаете дали содржата е генерирана со ВИ

/

Свет

Сподели преку :

Бидејќи сликите и видеата генерирани од вештачка интелигенција стануваат сè потешки за разликување од реалната содржина на социјалните медиуми, тинејџерите може да се соочат со нови притисоци околу сликата за телото и самоперцепцијата.

Брук Бенет, професор по психологија на Универзитетот Клемсон и директорка на лабораторијата BEAM, проучува како идеализираните слики од вештачка интелигенција можат да ја интензивираат социјалната споредба и да придонесат за незадоволство од телото, дури и кога гледачите знаат дека содржината е вештачка.

Нејзиното истражување, исто така, открива дека етикетите што ја идентификуваат содржината генерирана од вештачка интелигенција не прават многу за да го намалат нејзиното емоционално влијание, што сугерира дека транспарентноста сама по себе можеби не ги штити младите луѓе.

Бенет ги охрабрува тинејџерите и возрасните кои ги поддржуваат критички да размислуваат за онлајн сликите и како тие можат да ги обликуваат чувствата за себе и светот околу нив.

Брук Бенет е доцент и директорка на лабораторијата BEAM (Слика за телото, јадење, пристап и медиуми) на Универзитетот Клемсон.

Вештачката интелигенција (ВИ) навистина го револуционизираше искуството на социјалните мрежи, бидејќи ги направи луѓето поскептични. Дојдовме до точка каде што веќе не можеме нужно да им веруваме ниту на сопствените очи, зарем не? На пример, гледаме видео и мораме да се запрашаме: дали е ова вистинско? Дали е лажно? Исто така, сметам дека стана потешко да се разберат вистинските мотиви зад содржината – до тој степен што се прашуваме: „Која е целта на оваа содржина создадена од вештачка интелигенција?“

  • Дали е наменета само за забава? За разонода? Или можеби за нешто друго? Затоа, мислам дека за корисниците на социјалните мрежи стана многу потешко да направат разлика помеѓу она што е реално – она што навистина постои – и она што е генерирано од вештачка интелигенција. Сметам дека вештачката интелигенција е особено релевантна кога станува збор за перцепцијата на сопственото тело и сликата за себе, бидејќи сликите и видеата создадени од ВИ, по својата природа, не се реални. Тие промовираат стандарди за убавина кои се недостижни. На нив нема пори, кожата е совршено мазна; тие претставуваат математички модел или некаков просек од многу луѓе. Ова може сериозно да влијае врз перцепцијата за сопственото тело, бидејќи луѓето се стремат да изгледаат како она што го гледаат во медиумите, вели Бенет.

Според изтражувањето ако не можеме да го постигнеме тој изглед – едноставно затоа што тој во реалноста не постои – тоа може да биде навистина штетно за сликата што ја имаме за себе. Тука е и прашањето за социјалното споредување: се споредуваме себеси со она што го гледаме. И ако тоа што го гледаме е личност која всушност не постои, тоа може длабоко да влијае врз нашата перцепција за себе, па дури и да нè натера да се запрашаме: што е, всушност, реално?

  • Како изгледам јас? А како не изгледам? Забележавме голем пораст во употребата на вештачката интелигенција (ВИ) како алатка за уредување фотографии од луѓе. Сметам дека поради тоа, на луѓето им станува сè потешко да ја согледаат реалноста. Се појавува феномен сличен на „Snapchat дисморфијата“ – луѓето повеќе не знаат како навистина изгледаат, бидејќи на сè ставаат филтри. Поради тоа, може да биде навистина збунувачки човек да се запраша: „Добро, дали сум ова јас? Дали личноста во огледалото сум јас? Како всушност изгледам?“ Така, можеме целосно да ја изгубиме врската со сопствената перцепција за себе, што може да биде прилично проблематично, објаснува Бенет.

Таа смета дека станува сè потешко да се утврди дали нешто е генерирано од вештачка интелигенција, бидејќи моделите на ВИ значително напредуваа. Сепак, постојат одредени показатели, особено кај статичните слики.

Овие модели имаат сериозни потешкотии со деталите. Затоа, често се советува: „Погледнете ги рацете, погледнете ги вратовите“ – бидејќи токму со тие делови имаат најголеми проблеми.

  • Во многу слики генерирани од ВИ, често се користат облеки со високи јаки (ролки) за да се прикријат деловите каде што моделот „затајува“. Исто така, проблематични се и деталите на облеката – на пример, патентите често изгледаат чудно или нелогично. Слично е и со косата, бидејќи таа има природна текстура и специфични брановидни форми. Вештачката интелигенција тешко се справува со тоа, бидејќи ѝ е тешко да ја репродуцира природната мекост. А кога станува збор за видеата, ако сакате да откриете дали се генерирани од ВИ, најдобро е да обрнете внимание на движењата. Значи, кај вештачката интелигенција, кога движењето е брзо, се појавува еден вид грешка – системски дефект – при што таа потешко успева верно да ги репродуцира вистинските промени и премини. Исто така, поставете си го прашањето: Дали е ова премногу добро за да биде вистинито?, препорачува Бенет.

Нејзиното истражување се фокусира на подобрување на здравјето и благосостојбата кај луѓето кои се соочуваат со пречки за здрава исхрана и развивање позитивна слика за телото.

Таа проучува како дигиталната технологија може да им наштети на корисниците и како наместо тоа може да го прошири пристапот до грижа базирана на докази.

Б.С.