Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ порача дека насилството во Србија никогаш нема да победи и ги повика студентите кои се во блокада да не користат насилство и да не се обидуваат да ги заземат институциите бидејќи токму тоа го сакаат сите оние кои не и посакуваат добро на Србија.
Таа упати апел до студентите преку социјалната мрежа „Х“ да се придржуваат до студентскиот едикт од Ниш што самите го донесоа и да обезбедат еднакви права за своите колеги, студенти кои само сакаат да учат, да продолжат со студирањето.
„Правдата, солидарноста и силните институции се она што и треба на Србија, а не омраза, насилство и анархија“, напиша таа на социјалната платформа.

Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма. Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа. Во зградата на телевизиската куќа пак распоредени се поголеми полициски сили во полна опрема за разбивање немири.… Продолжи со читање












