Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Билетите за авион стануваат поскапи, се очекува да има и помалку летови

/

Свет

Сподели преку :

Бројот на летови ширум светот се повеќе комоании го откажуваат поради постојаниот раст на цените на горивата. Раководителите на водечките американски авиопревозници, меѓу кои „Јунајтед“, „Американ“ и „Саутвест ерлајнс“, на собирот на инвеститори потврдија дека во последните месеци од годината планираат отстранување на поевтините и помалку профитабилните линии од своите распореди.

Авиокомпаниите сè уште ги немаат објавено точните линии што ќе бидат прекинати, но аналитичарите укажуваат дека на удар први ќе бидат најевтините и помалку популарните релации.

-Одредени линии претходно беа на самиот раб на профитабилноста, а со наглиот скок на цените на горивата тие стануваат директен загубар, вели  Мајкл Лескинен од „Јунајтед“.

Се очекува и кратење на летовите во помалку фреквентни термини – како што се вторник и сабота – како и ноќните и раните утрински летови, објави Блиц.рс

Дополнителен притисок врз пазарот создадава и повлекувањето на нискобуџетната компанија „Спирит ерлајнс“, која ги прекина операциите по првичниот бран на поскапување на горивото, додека други превозници се обидуваат да се пренасочат кон поскапи услуги.

Горивото за авионите исто тала бележи значителен раст во последните неколку месеци. Четирите најголеми американски компании – „Јунајтед“, „Делта“, „Американ“ и „Саутвест“ – издвоија речиси 80 проценти повеќе средства за гориво во вториот квартал од годинава во споредба со истиот период минатата година.

Но според експертите цената на билетот не зависи исклучиво од енергенсите. Коментирајќи ги движењата на пазарот, извршниот директор на „Делта“, Ед Бастијан, потенцираше дека цените на авионските билети пред сè ги диктира односот меѓу понудата и побарувачката, која во моментов е на исклучително високо ниво.