Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Безбедносен пропуст во основниот програмски јазик на интернетот, предизвика глобална паника

/

Свет

Сподели преку :

Голем број веб страни беа исклучени по малата паника која го зафати светот, откако неколку компании за сајбер безбедност во соработка со Опен АИ во рамки на нејзината иницијативата за глобална безбедност на интернетот, користејќи ги моделите на вештачка интелигенција на американската компанија, открија сериозни пропусти во програмскиот јазик PHP кој преставува основа на глобалниот интернет.

PHP е еден од постарите програмски јазици кои нашироко се користи во градењето веб страни. Во моментов сѐ уште се користи од приближно 70 проценти од сите веб страни. Следствено, ако некаква ранливост е откриена во овој јазик, тоа значи дека системите кои ги напојуваат овие веб страни може да бидат компромитирани од криминалци, рече холандскиот експерт за сајбер безбедност, пим такенберг.

PHP наједноставно објаснето е програмскиот код кој ти лоцира, собира и презентира информациите кои ги пребарувате во формат кој човекот може да го разбере.

Ова се историски системи. На некој начин тие не се застарен софтвер, но тоа е софтвер кој, во случајот на PHP се користи речиси 30 години. Значи, тој е вграден во начинот на кој луѓето работат, но исто така ова се системи кои луѓето ги занемарија, објасни Алп Токер, директор на независната компанија за надзор на сајбер безбедност, нетблокерс.

Безбедносниот пропуст бил откриен во август од компанијата Калиф а подоцна потврден и од останатите, меѓу кои и ОпенАи. Според компаниите, станува збор за пропуст кој остава простор хакери да преземат контрола врз веб страна и украдат чувствителни информации.

Ризиците зависат од услугите кои ги обезбедува веб страната или апликацијата која се користи. На пример, ако услугите вклучуваат процесирање плаќања и таа ранливост е експлоатирана, последиците би биле значително различни отколку што ако станува збор за обична вебстрана, вели членката на холандскиот национален центар за сајбер безбедност, Корина шипер дерксе.

Фондацијата PHP, која го одржува програмскиот јазик била веднаш известена и започнала да работи на надградба со која пропустот би бил коригиран.

Но, истражувачите на Калиф, компанијата која го откри, по грешка на социјалните мрежи објавиле видео кое го опишува пропустот и начинот како тој може да се злоупотреби.

Видеото било брзо повлечено, но не и пред молскавично да се прошири на хакерските форуми, што ја примора фондацијата предвреме да го ја објави софтверската надградба за да спречи масовни злоупотреби и паника.

Игор Трајков