Во своето обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации премиерот на Обединетото Кралство ја позиционираше својата земја како главен кандидат за предводништво во глобалната трка во областа на Вештачката Интелигенција.
Тој истакна дека обединетото кралство е во добра позиција да дејствува како „чесен посредник“ во настојувањата да се постигне глобален договор што ќе го насочува тој развој, бидејќи Лондон одржува добри односи и со САД и со Европа, како и „цврст дијалог“ со Кина.
–Вештачката интелигенција ги обединува многу од најважните прашања со кои се соочуваме. Таа веќе го забрзува дијагностицирањето на ракот во Обединетото Кралство, но има потенцијал и за повеќе – не само да помогне во превенцијата и третманот на ракот, туку и во неговото излекување. ВИ, исто така, ќе биде клучна за економскиот раст и пат кон трансформација на образованието, а ќе претставува и витална алатка за нашата безбедност, изјави Енди Бурнам, премиер на Обединетото Кралство.












