Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Багеи: Ормутскиот Теснец никогаш нема да се врати на состојбата пред војната

/

Свет

Сподели преку :

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи изјави дека Ормутскиот Теснец „никако нема да се врати во статусот што го имаше пред 28 февруари“, денот кога започна војната меѓу Иран и Сад.

Во телефонски разговор на иранската државна телевизија, тој рече дека Иран разговара за превоз низ теснецот со соседниот Оман, но дека во моментов нема разговори за негово повторно отворање. Багаеи рече дека разговорите имале за цел да се договори рута прифатлива за двете страни.

Имавме многу тешки искуства во изминатите неколку месеци. Затоа мора да се осигураме дека Ормутскиот теснец нема да стане област на експлоатација од страна на страните што нè напаѓаат. Она што е потребно е да усвоиме механизам за целосно почитување на суверенитетот на Иран. Нашите разговори со Оман се билатерални разговори. Тие не се однесуваат на никого друг, вели Багаеи.