Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека Техеран е блиску до постигнување на договор со Оман за нова транзитна рута за бродови низ Ормуска Теснина.
„Блиску сме до постигнување договор за рута прифатлива за двете страни, почитувајќи ги суверените права на секоја земја и гарантирајќи ги нашите национални интереси и безбедност“, изјави портпаролот на МНР, Есмаил Багеи во интервју за државната телевизија.
Поморскиот сообраќај во Ормуска Теснина во голема мера е запрен, по неодамнешното обновување на непријателствата помеѓу САД и Иран.












