Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Андраш Бака е избран за нов претседател на Унгарија

/

Свет

Сподели преку :

Поранешниот претседател на Врховниот суд на Унгарија, Андраш Бака е избран за нов претседател на земјата, објави унгарската новинска агенција МТИ. Бака беше кандидат на владеачката Тиса, а беше избран со 140 гласови „за“, шест „против“ и ниту еден „воздран“ на денешното тајно гласање во парламентот.

Изборот на новиот претседател доаѓа по завршување на мандатот на претходниот Тамаш Сулјок на 20 јули, со стапување на сила на 17 амандман на уставот кој, меѓудругото, донесе и нови правила за извршување на највисоките државни функции.

Изборот на Бака е симболичен чекор во настојувањата на премиерот Петер Маѓар, кој ја презеде власта во мај, да го ослабне влијанието на поранешниот премиер Виктор Орбан.

Фото: youtube/printscreen