Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

37 убиени во руски напад со дронови во близина на Киев

/

Свет

Сподели преку :

Во еден од најсмртоносните руски напади оваа година во Украина, 37 лица беа убиени во регионот Буча, во близина на Киев а досега повеќе од 400-тини морале да бидат евакуирани.

Со дронови бил уништен магацин во Буча, во кој било складирано муниција и оружје, што предизвикало серија силни експлозии и голем пожар, во кој биле оштетени најмалку 50 станбени објекти, потврди регионалната воена администрација.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази сочувство до семејсвата на жртвите во нападот, додавајќи дека за овој инцидент ќе има и кривична одговорност за луѓето кои го прекршиле правилото да не се складира муниција во магацините.

„Страшна ситуација, страшна небрежност од страна на оние кои складирале експлозиви веднаш до луѓето. Има огромно разурнување. Во овој момент е познато дека загинале 37 лица. Во текот на спасувачката операција загина и раководителот на заедницата, додека помагал во спасувањето. Моето сочувство до сите роднини и пријатели. Уривањата сè уште се расчистуваат и, за жал, бројот на загинати може да се зголеми“ – изјави Зеленски.