На атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ грчките царински службеници откриле 100 килограми кокаин сокриени во пратка со рози пристигната од Колумбија.
Во акцијата се уапсени шест лица, објави „Катимерини“.
Според информациите, четворица од осомничените биле приведени на аеродромот додека ја преземале пратката, додека двајца биле уапсени во источниот дел на Атика. Поголемиот дел од уапсените се албански државјани.
Акцијата била спроведена врз основа на информации добиени од канцеларијата на американската ДЕА во Атина. Во истрагата учествувале и полицајци од Дирекцијата за борба против организираниот криминал.












