Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинска армија: Задржуваме цврсти позиции во близина на Киев, го одбиваме непријателот

/

Свет

Сподели преку :

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека нивните трупи од Киев ја одбиваат непријателската офанзива, нанесувајќи им штета и цврсто ги држат нивните позиции.

Во соопштението се додава дека руската војска продолжува да спроведува тајна мобилизација под превезот на одржување кампови за обука поради бројните жртви, а исто така ги засилува напорите за регрутирање доброволци.

Руската војска јавно не го коментираше извештајот, кој не е независно потврден, пишува Би-Би-Си, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека во Украина нема да бидат испратени регрути.

Во претходното соопштение објавено синоќа, украинската војска соопшти дека руската офанзива е забавена во последните 24 часа.